Филипче: Баровите, кафулињата и спортските обложувалници се затвораат целосно


Во моловите, рече Филипче, да се затворат за посетители сите продавниците освен маркетите и аптеките, сите останати прави лица може да прават он-лајн нарачки- рече Филипче.

На владината седница донесовме дополнителни мерки за справување со корнавирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче.

-Владата формира главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата и во состав од сите заменици на министерствата, ќе се врши целосна координација со сите институции. Овој кризен штаб ќе се состанува на дневна основа во Владата. Се затвораат сите копненни гранични премини во земјава, освен, „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“ и „Блаце“. Да се затвори аеродромот во Охрид, да се забрани влез во државата на странски државјани и од земјите од среден ризик, согласно листата на СЗО, освен за они лица за кои МВР ќе даде мислење, дека овие лица влегуваат под посебни услови и заштита согласно протоколот на министерството за здравство- рече Филипче.

Во моловите, рече Филипче, да се затворат за посетители сите продавниците освен маркетите и аптеките, сите останати прави лица може да прават он-лајн нарачки- рече Филипче.

Баровите, кафулињата и спортските обложувалници и барови се затвораат целосно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1