Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата отворање на казината и автомат – клубовите во обложувалниците, да почне со работа јавниот превоз во Тетово и до крај на неделата да се отворат теретаните и фитнес – центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека ова олеснување ќе се спроведува според строги правила во протоколите што ги подготви Комисијата.