Тендерската постапка за набавка на медициснки реагенси вредна 36 милиони евра е стопирана поради неправилости во документацијата.
Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче на пресконференција на која објасни дека тендерот е прекинат за да се запрат сомнежита во јавноста, со оглед на тоа што има само еден пондувач, но и тврди дека при носењето на одлуката немало никакви притистоци.
“ Еваулацијата интензивно се вршеше дури и за време на викендот. Во текот на вчерашниот ден сакав да дадам првични информации, а пред се да одговорам на обвинувањата и од опозиционите партии, шпекулациите што произлегоа во јавноста дека целосната постапка е завршена и дека договорот е направен што не е вистина. Со оглед на тоа што првичните резултати излегоа во текот на викендот сакам тоа денеска да го споделам со јавноста. “ истакна министерот Венко Филипче.
Филипче истакна дека во следните постапки ќе бидат имплементирани сите искуства кои ги собрале со прекинувањето на оваа постапка се со цел да не се соочат со истиот проблем.
На прашање кога ќе биде распишан нов тендер посочи дека се ќе биде согласно законот за јавни набавки и во меѓувреме активно ќе работат на подготовки на постапката. Потенцира дека постапката е целосно отворена и во секој момент може да присуствуваат сите заинтересирани и во секоја фаза.