Филипче категоричен – да не се дозволи упис на деца во градинка или училиште без примена МРП вакцина


Министерот за здравство не се откажува и категорично ќе бара да нема упис во градинка и училиште без примени вакцини. Решението треба да го даде мултисекторската група со членови од неколку министерства кои ќе ги усогласуваат законите и правилниците поврзани со ова прашање.

Филипче вели дека се загрижувачки податоците дека 20 проценти од првачињата не ја примиле вакцината МРП а дури 50 проценти од родените во 2017 година не се заштитени од мали сипаници. По епидемијата на морбили во Радишани здравствените власти ги мобилизираа и училиштата. Класните раководители ги известуваат родителите да ги проверат вакциналните картони на своите деца и ако има потреба да ги посетат најблиските поликлиники.

-Категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца и да влијае на сите фактори кои влијаат на јавното здравје, заради тоа што децата се нашата иднина, а ние сакаме здрави деца, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1