На прес-конференцијата, на која информираше дека меѓу тројцата починати пациенти во измиантите 24 часа има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања, Филипче рече дека пациентите имале тешка клиничка слика.
Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. Иако повозрасната група на граѓани е повеќе подложна, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.
На прес-конференцијата, на која информираше дека меѓу тројцата починати пациенти во измиантите 24 часа има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања, Филипче рече дека пациентите имале тешка клиничка слика.
– Манфестацијата на болеста беше во најтешката форма. Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход, рече Филипче.
Во однос на тестирањата повтори дека земјава има направено огромен број на тестови на милион жители и оти пристапот на тестирање што сега се применува дава добри резултати.
– Епидемиолозите се на тоа мислење дека само ваквиот пристап дава добри резултати, остава минимален, практично никаков простор за грешка односно за лажно негативни резултати што во оваа фаза на епидемијата е најбитниот момент, рече Филипче.