Филипче: Нема ново заразени со коронавирус, се тестираат седум пациенти


Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче. Нема новодијагностицирани случаи во изминатиов период.

Испишана е првата пациентка во сосема добра клиничка состојба. Контролната слика на белите дробови покажа дека нема големи последици. Сите коишто беа во контакт со неа се тестирани немаат никакви симптоми и тие се практично здрави. Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Се тестираат седум пациенти, 3 се од Дебар од анализите вчера, сите во врска со овој кластер на пациенти, тие се луѓе коишто имаат симптоми. Двајца пациенти во Штип и двајца пациенти коишто се во Инфективна кои патувале во Австрија и Германија во изминатиов период.“, изјави Филипче.

„Непроменета е состојбата на пациентката на респираторна машина, добра е сосема лесна клиничка слика на пациентите во Дебар, тие се во домашно лекување. Утрово интензивоно разговаравме со нашиот инфектолог. Ја прошируваме бројката на луѓето којашто се тестира. Очекуваме во текот на денот дури и утре да стигнат дури и 80 луѓе кои немаат симптоми. Координацијата на службите лекарски е добра, нема некаков проблем во болницата. Инфектолог во Дебар ќе ја координира работата и се во насока на дополнителни аназизи и нови тестирања во форма на скрининг, дури и на луѓе за кои не сме сигурни за луѓе кои не се заболени, што значи се зголемува бројот на луѓе кои ги тестираме во овој регион

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1