На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, а не на местото каде што е сега.
Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во Злокуќани во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани
Одлуката за дислокација, наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите , архитектите и граѓаните.
Сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита.
Филипче посочи дека постојат одредени финансиски обврски согласно претходно потпишаниот договор за изградба на Клиничкиот центар, но оти Владата ќе се обиде да се договори ново решение и да не се плаќаат пенали.
Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.