Филипче: Се случија повеќе семејни настани од каде што излегоа нови пациенти


Начинот на трансмисија на ковид вирусот во целиот изминат период е со близок респираторен контакт во рамки на еден кластер и поединци. И тоа ја детерминира сликата што веќе еден подолг временски период е присутна во нашата земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали е познат начинот на кој се заразиле заболените.

– Повеќе настани, повеќе семејни настани во меѓувреме се случија од каде што излегоа нови пациенти, меѓутоа во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила, рече Филипче.

Во однос на информациите дека не е почитувана епидемиолошката анкета за одредени блиски лица на заразените, Филипче истакна дека нема измени во протоколот и алгоритмот и тој насекаде е ист.

– Ако е констатирано дека се контакти тога влегле во прашалникот што го пополнува заболеното лице, врз основа на податоците што ги дава на епидемиологот, заради тоа што епидемиологот прашува кои се најблиските контакти и најблиските луѓе во непосредното опкружување, колку време во денот ги поминуваат со тие контакти и колку последователни денови, и врз основа на тоа се цени ризикот што притоа може да биде мал, може да биде среден или голем ризик. Врз основа на одредување на тој ризик се даваат и натамошни насоки дали ќе има домашна изолација, со соодветни препораки, рече Филипче.

Повтори дека во принцип тестирање не се прави во првите 14 дена, заради тоа што тоа е период во кој може да се развијат симптомите и можно е резултатот да биде лажно негативен и луѓето притоа да не ги почитуваат мерките за изолација.

Нагласи дека поради тоа се пристапува секогаш согласно еден ист прашалник и алгоритам што го пополнува заболеното лице, под контрола на епидемиологот од соодветниот центар за јавно здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1