Постар маж на околу 60-годишна возраст стои на оградата на Стариот железнички мост во Белград и се заканува дека ќе скокне.
Тој се качил на огрдата одолу 13:30 часот, а во моментов, како што пренесуваат српските медиуми има насобрано граѓани околу мостот, а сообраќајот е прекинат.
На лице место се и екипи на брзата помош, полицијата, како и речната полиција.
Луѓето кои преговараат со мажот, да се симне од оградата, пристигнале околу 14 часот и во моментот се уште преговараат со него.
Се очекува во секој момент да пристигнат и членовите на неговото семејство, кои веднаш биле контактирани од страна на полицијата.