Филмска потера во Барселона, полицијата бркаше камион со гас (Видео)


Шпанската полиција пукаше на возач на камион со гас за да го спречи да предизвика катастрофа во центарот на Барселона, пренесува британски Гардијан.

Возачот, кој не е идентификуван, го возел камионот со неприлагодена брзина (со над 100 километри на час) и тоа во спротивната лента, движејќи се кон центарот на градот.spanija

Полицијата неколку минути го бркала камионот, што според очевидци, се претворило во вистинска филмска потера на улицита на главниот град на Каталонија, по што еден од полицајците пукал кон страничните прозорци на кабината за да го натера возачот да го запре возилото.

За време на потерата канистри со гас паѓале од приколката на камионот, но за среќа не експлодирале. Едно лице е повредено откако канистер со гас паднал врз неговиот автомобил во движење.20170221202116

Полицијата подоцна соопшти дека возачот на камионот е уапсен, но се уште не се познати причините зошто неконтролирано возел кон центарот.

Според локалниот весник „Ла Вангардија“, уапсениот е државјанин на Шведска и не е ислучена можноста дека се работи за обид за терористички напад, имајќи ги предвид неодманешните напади на радикалните исламисти кои како главно оружје во Ница и во Берлин користеа превозни средства, најчесто камиони.

Швеѓанинот имал лесни повреди, и по третманот во болница е пренесен на испрашување во полициска станица.

На лице место имало 20-тина полицајци и шест полициски возила, а на шофершајбната на камионот се гледале дупки од куршуми.

Сѐ уште не се знае дали станува збор за терористички напад, но сведоците тврдат дека возачот, по излегувањето од камионот, се однесувал необично, како под дејство на дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1