ЖИВОТ НА ЕСМА: Посвои 48 деца, 2 номинирана за Нобелова награда, а се борела да преживее!


Есма Реџепова почина вчера утрото во 73-тата година од животот. Кај многумина ќе остане запаметена како еден од најголемите хуманитарци на денешницата, која сиромаштијата во раното детство ја научи да се бори со гласот и во текот на кариерата подолга од 50 години и на другите им помогне во остварување на целите.esma-intervjuu-02-650x488-92704

Родена во 1943 година, како петто од шест деца. Нејзиниот татко во бомбардирањето во 1941 година ја изгубил ногата, а Есма му помогнала на достоинствен начин да заработат за семејството. Бил чистач на чевли, а малата Есма работела дополнителни работи, носела млеко, чистела станови…

„Моето детство беше многу тешко, но јас тоа го искористив како голема школа. Всушност, тешката страна на животот ја почуствував во детството. Додека многумина растеа безгрижно, јас работев разни работи, носев млеко, чистев станови, му го чував кучето на еден познат скопски доктор, а заработените пари ги трошев економично. Го сакав киното, па со својата заштеда купував карти. Се борев со предрасудите во општеството, секогаш морав на некој да му се докажувам, но, како што гледате, се исплатеше, јас сум му благодарна на Бог“, рече еднаш кралицата на ромската музика.

Дека воопшто не и било лесно, сведочи и изјавата која ја даде во едно интервју:

„Кога луѓето во семејството се сакаат, сиромаштвото не е тешко. Мене најтешко ми беше кога тргнав во прво училиште и кога сите ме нарекуваа „Циганка“. Никој не сакаше да седи со мене во клупа. Тогаш прв пат сфатив дека сум различна од другите деца и тоа најтешко ми падна“, рекла Есма.esma evrovizija

Имаше само 10 години кога почнала да пее, а на 13 години победи на еден музички натпревар на кој го запознала и Стево Теодосиевски, познат хармоникаш и шеф на оркестар. Тој побарал дозвола од родителите на Есма да им се придружи и да настапува на турнејата. Со согласност од родителите, девојчето почнало професионално да се занимава со музика и да настапува со оркестарот по многу места, подоцна и ширум светот. Стево бил нејзиниот учител, пријател и соработник.

Со тек на времето од пријателството, се родила и љубовта, па Есма во 1968 год. се омажила за Стево, кој бил 22 години постар од неа. Немале свои деца, но им помогнале на други. Посвоиле дури 47 момчиња, кои ги изучиле, воглавно се занимавале со музика и настапувале во нивниот оркестар „Теодосиевски“. Сите свои синови Есма ги подигна и финансиски ги згрижи. После големиот број на синови, посвоила и девојче.esma i subrata

„Мслам дека имавме соодветен брак. Никогаш не се лутевме еден на друг, се сакавме и почитувавме. Мали караници има секаде, но тоа се ситници кои во шега ги надминувавме“, рече еднаш Есма.

Животот го посвети на песна и хуманитарна работа, и тоа го работеше со толку љубов и успех, што двапати е номинирана за Нобелова награда. Прв пат во 1987 година како кандидат на Црвениот крст на Југославија, а втор пат на иницијатива на Светската организација на Ромите. Познато е дека со сите сили се бореше за подобар статус на Ромите во светот.

Во 1976 година во Гандинагара, Индија, е прогласена за кралица на ромската музика, што и дало голем мотив неуморно да работи и создава. Создала повеќе од 580 уметнички дела, што вклучува преку 100 синглови, 20 албуми и шест филмови.

Во 2013 Есма стана Национален уметник во Македонија.esma.jpg500

Оттогаш таа до крајот на животот секој месец добиваше паричен надомест по 60 илјади денари во нето вредност.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1