ФИНАЛЕ: Да гласаме за нашиот Трајче да победи на „Пинкови ѕвездички“


Десетмесечното дружење со талентираните деца од музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ завршува вечерва, а во суперфиналето останаа само 10 најдобри натпреварувачи.

Веќе се издвоени и фаворитите, меѓу кои е и нашиот Трајче Георгиев, кој има само 14 години, но и статус на голема ѕвезда на овие простори.trajce_pinkovi_zvezdi-1728x800_c

Дека има неверојатен талент и раскошен глас, потврдува и жирито кое од емисија во емисија го опсипуваше со комплименти и пофални зборови.

-Трајче е еден од главните фаворити за победа. Има неверојатен талент и е вистински македонски претставник – вели Гоца Тржан, која е дел од судиската петорка.

И покрај тоа што има реални шанси за победа, малиот струмичанец е еден од најскромните финалисти таму.

Негови омилени пејачи се Бруно Марс и Жељко Јоксимовиќ, а ужива и кога пее песни од Тоше Проески, кој исто му е музички идол.

-Бруно Марс е мојот омилен пејач, а сакам да ги слушам и песните на Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ – откри Трајче, кој вети дека во вечер ќе се потруди да се прикаже во најдобро светло досега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1