Управата за финансиска полиција ќе го проверува работењето на фирмата „Нефа мебел“, откако стотина граѓани останаа измамени, без мебел и пари.
– „Отвораме предистрага по допрен глас добиен од медиумите. И Пазарната инспекција побара да се вклучиме во проверките за измамените граѓани“, велат од Управата за финансиска полиција, пренесе МКД.МК.
Српско-руската фирма „Нефа мебел“ ги затвори салоните и во Србија, каде што исто така поголем броој на нивни муштерии останаа со неиспорачани парчиња мебел за кои платиле.
Инаку, Нефа мебел се затвори преку ноќ. Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово, но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките. Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и Фејсбук и Инстаграм профилите.