Кривични пријави за екс – градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, за поранешниот секретар во општината и за вработен во секторот за уредување градежно земјиште, поради “Несовесно работење во службата”.
Според обвинието, тие го оштетиле буџетот на општината за над 430 илјади евра за градежни работи при изградба на пешачкиот мост на реката Вардар – Мост Око, граден од компанијата “Конструктор инжинерин” од Сплит.
Нанесената штета во вкупен износ од над 26,6 милиони денари, пријавените лица се согласиле да ја надоместат. Директорот Муареми соопшти дека на 30ти минатиот месец, обвинетите ги вратиле средствата на општинската сметка.
Од финансовата полиција соопштија дека се водат и други истражни постапки за проектот “Скопје 2014”, за кои што има сомневање за злоупотреба на буџетски средства.