Физичарите се обидуваат да одгатнат – зошто има се повеќе громови


Громовите кои ја опустошија Хрватска во циклонот кој го доби прекарот Колинда, велат метеоролозите, се продолжение на интензивно празнење од атмосферата кое трае цел август.
Тоа празнење е, меѓутоа, и до трипати поголемо отколку во последните години. Мерната станица Блитзортунг, на пример, само на подрачјето на Пожега измерила трипати повеќе громови отколку лани.

grom– Олуите во последните две години се малку поретки, но грмотевиците се посилни и поекстремни – вели инженер Бојан Франц од факултетот за електроника и сметководство. Тој и колегите работат во лабораторија со висок напон и го одржуваат системот за лоцирање на громовите во Хрватска. Со помош на сензори распоредени во Загреб, Ријека, Сплит, Дубровник, Задар и Блато на Корчула се следат и бележат громовите за метеоролозите, ХЕП, војската. И тие забележале оваа и минатата година значајно повеќе удари на гром, пишува 24sata.

Соларниот физичар Тод Хоексем верува дека силните грмотевици имаат врска со промените на Сонцето кои се случуваат секои 11 години.

– Во моментов на Сонцето доаѓа до замена на магнетските полови што ќе влијае и на Земјата. Магнетските олуи пренесени до нас од најблиската ѕвезда ќе ја нарушат земјината ионосфера и поради тоа би можело да дојде и до нагли промени на времето – вели Хоексем.
Тоа може лесно да влијае на формирањето на облаци, олуја и на зголемен удар на громови, проценува физичарот. Ионосферата се наоѓа на околу 85 км висина па нагоре, а облаците со громови се формираат на околу 10-15 км висина па ниту метеоролозите од ДХМЗ не можат со сигурност да проценат како тоа ќе се одрази на подрачјето на Хрватска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1