Анџелина Џоли после неколку години медиумска изолација, повторно редовно се појавува на цврениот тепих и дава интервјуа, а овој пат публиката ја израдува со еротичен едиторијал кој го направила за новото издание на магазинот „Harper’s Bazaar”.
Убавата актерка ја краси и насловната страница на декемврискиот број на овој весник, а таа во интервју за нив открила и како се носи со последиците после разводот со Бред Пит.
Се уште овие фотографии не се објавени но добивме можност да ѕирнеме во некои од нив, па и во оние на кои Анџелина позирала гола.
Имено, на една фотографија, преубавата 45-годишна актерка е целосно гола, прекриена со проѕирен вел, додека градите ѝ се покриени со рацете.
Има и уште една заводлива фотографија на која е во црн мрежест комбинизон, под кој носи само долна облека. Во вакво смело издание долго ја немаме видено. Се чини дека Анџелина одлучи повторно да го покаже својот сексипил.