Артан Груби неодамна на социјалните мрежи постави селфи фотографија сликан покрај еден споменик, за кој тој мислеше дека е скулптура на Неџат Аголи, јавува Сител.
Се испостави дека станува збор за споменик на Методија Шаторов Шарло. Неговите колеги од парламентот не пропуштија да се шегуваат со него.
За да биде уште поинтересно, Груби, преку официјалниот меил на ДУИ, истата фотографија им ја испрати на сите новинари.
Потоа се оправдуваше дека на тоа место требало да се постави споменикот на Аголи.
Се поставува знак прашалник, дали Груби воопшто знае, кој бил Неџат Аголи и зошто е тој важен за Македонија и за Абланците како малцинство во оваа земја или фотографијата е направена колку да се продаде некоја тура, „патриотизам“
Слични прашања му поставува и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска