По вчерашната тешка сообраќајна несреќа кога во Драчево се преврте градски автобус полн со патници, утрово слична несреќа се случи и во Белград при што градски автобус слета од патот и удри во бандера. Српските медиуми јавуваат дека најмалце 8 лица се повредени. На местото на несреќата се полицијата, брзата помош и пожарникарите.
Најмалку 8 патници се повредени, а една жена со потежки повреди е префрлена во Ургентниот центарм кога автобусот на линијата 50 слетал од патот и удрил во бандера.
Причината за несреќата не е позната.
Според зборовите на возачот, еден автомобил со полна брзина му излетал на раскрсницата пред него, поминал и на црвено, а тој за да избегне поголема трагедија излегол од патот и удрил во бандера.