Жена на возраст од 100 години од Нов Зеланд го преживеала силниот земјотрес кој го погоди Нов Зеланд, а спасувачките екипи ја извлекле од под урнатините каде била заробена со часови.Но, во земјотресот животот го загубил синот, а целосно уништен е нејзиниот имот кој го одржувала 64 години.
Маргарет Едгар е храбра 100 годишна жена која го преживеа земјотресот од 7,8 степени во Нов Зеланд. Во земјотресот загинал нејзиниот син Луис, додека таа и снаата успеале да се спасат. Куќата им е целосно уништена како и фармата која ја имала.