ФОТО: Бегајќи од терористи се фрлила преку прозор и починала, а станувало збор за вежба


Симулациска вежба на терористички напад била организирана на Универзитетот Стратмор во Најроби , но наместо како поука за тоа како да се однесуваат за време на потенцијална закана, вежбата завршила трагично.

30 лица биле повредени, а една жена починала откако се фрлила од прозор, бидејќи била преплашена.Screenshot_225

Во неуспешната симулација на полицијата страдала 33-годишната Естер Кидамби, една од вработените службенички на факултетот.

-Одеднаш слушнав стрелање, за кое подоцна се испостави дека се само ќорци. Во тој момент бев толку исплашена, што само се стопив во толпата и продолжив да трчам кон излезот. Меѓутоа, овде нé пречека уште еден маскиран човек со оружје во рацете, па инстинктивно излегов преку прозорецот, рекла една од студентките.Screenshot_226

Наскоро следувало панично стампедо на луѓе кои во тој момент се нашле во зградата.

Многумина завршиле со потешки повреди, како повеќекратни скршеници на рацете и нозете.
Она што е чудно што никој на универзитетот не знаел дека станува збор за симулација, а од полицијата рекле дека на тој начин сакала да види како цивилите се однесуваат во случај на терористичкиот напад. Експериментот за жал завршил трагично.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1