45 годишниот Кин Јонг Нам, полубрат на Ким Јонг Ун, побегнал во Малезија откако вујкото на лидерот на Северна Кореја Џанг Сонг Таека, беше егзекутиран.
Се до 2001 година се мислеше дека тој, како најстар син на поранешниот лидер на Северна Кореја, ќе биде следниот водач на земјата.
Медиумите пренесуваат дека Ким Јонг Нам е убиен вчера утрото, а кинеска кабелска телевизиска мрежа пренесува дека на аердоромот во Куала Лумпур го отруле две жени, за кои има сомневања дека се севернокорејски агенти.
Ројтерс ја пренесува изјавата од малезиската полиција, според која „неидентификуван маж од Северна Кореја умрел на патот од аеродромот до болницата“.
Ким Јинг Нам беше најстариот син на Ким Јонг Ил со неговата љубовница Сонг Хје Рим. Тој беше предодреден за наследник на својот татко, но по скандалот во 2001 кога со својот мал син се обидел да влезе во Јапонија и да го посети Дизниленд, наводно паднал во очите на својот татко. Тогаш беше уапсен на аеродром во Јапонија со фалсификуван пасош од Домикинаската Република..
По ова Ким Јонг Нам живееше во Макао, во Сингапур и Малезија.
Уште пред неговиот 12 години помлад брат да ја преземе власта во Северна Кореја, Ким Јонг Нам изјавуваше дека е против такво фамилијарно пренесување на моќта. Тој тврдеше дека не е заинтересиран за моќ и не го загрижува тоа што татко му се предомислил, и дека се надева дека следниот лидер ќе ја подобри тешката економска ситуација во земјата. Уште пред 7 години јасно изјавуваше дека нема намера да се врати во Северна Кореја….