ФОТО: Бугаринот Јане Петков „исплива“ во вреќа во Охридско езеро 2,5 км


Педесет и деветгодишниот Јане Петков од Сандански, Република Бугарија, денеска успеа во намерата на Охридското Езеро да исплива два километри и 20 метри, без какви било помагала и тоа врзан во вреќа.

janeVrzan-600x320Петков замислената патеката од плажата кај поранешниот хотел „Парк“ до Градскиот кеј во Охрид ја исплива за 2:47 часа, поставувајќи време со кое ќе конкурира за Гинисовата книга на рекорди.

Човекот-амфибија како што го нарекуваат, веднаш по излегувањето од водата изјави дека пречка во „пливањето“ му била ладната вода, но сепак се заблагодари на Бога и на организаторите од охридскиот Црвен крст и пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, што издржа до крај.

Немаше никаков проблем, но доколку беше потопла водата можев да пливам и повеќе километри, како на пример, пет, десет или повеќе. Сепак, тоа можеме да го оставиме за следната година, изјави Петков.

janevrzan1Сашо Точков од Црвениот крст на Охрид истакна дека Петков пливал со константна брзина од 0,7 километри на час, без притоа да побара каква било интервенција од екипите задолжени да се грижат за неговата безбедност.

Целиот подвиг на Петков целосно е евиндентиран, со соодветен записник и протокол за целото пливање, за да биде целосна апликацијата што ќе биде поднесена до „Гинис“.

Инаку, со спроведени медицински анализи е утврдено дека Петков боледува од слабокрвност, односно ниско ниво на хемоглобин во крвта, но со личен пример потврди дека тоа не е пречка да ја реализира оваа нескојдневна замисла.

Фото – А1Он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1