Струмичанката Ленче Георгиева Велешанова на својот Фејсбук профил објави дека ја бара својата сестра близначка која никогаш не ја видела. Читатели кои ја прочитале приказната на Ленче и нејзината молба за помош веќе почнаа да испраќаат информации.
-Фотографии со девојка која живее надвор од Македонија и неверојано многу наликува на струмичанката Георгиева Велешанова пристигнаа до дел од медиумите. Дали оваа личност од фотографиите е можеби сестрата близначка на Ленче ќе одговори таа по контактот остварен со неа, пишува Република.
Се надеваме дека по долги години потрага Ленче конечно ќе успее да ја пронајде својата сестра.