Илјадници семејства беа принудени да ги напуштат своите домови. Меѓу нив е семејството на Павел.
Петгодишниот Павел Макев од Донецк веќе девет месеци живее и игра под земја. Тој и неговите родители со свои очи виделе како нивниот град исчезнува во хаосот на војната. Стравот од смртта и хоророт кој го носи војната ги принудило да се преселат во стариот подрум под градот.
Иако наводно прекинот на оганот стапи во сила од 15 февруари, тие се уште не планираат да се вратат во семејниот дом. Велат, не е безбедно.
Подрумот го опремиле со стар мебел од околните згради, додека пак природната светлина е реткост. За среќа имаат струја па можат да готват. Сепак, животот под земја не е живот.
Павел и неговото семејство се дел од многуте Украинци кои поради конфликтот морале да ги напуштат своите домови. Борбите во земјата започнаа во април минатата година, а според ОН загинале 5793 луѓе, а ранети се 14.595.