ФОТО: Добил писмо од својот починат син 26 години откако било испратено


Напишано за Денот на татковците испратено пред 26 години, но за еден татко, претставува бесценет подарок од задгробниот свет.

Во 1989 година, Двејн Шрок Јуниор од Линчбург, Вириџинија напишал картичка за Денот на татковците за неговиот татко, и ја испратил по пошта. Картичката била изгубена при транзитот и неговиот татко никогаш не ја добил.

Се до денес.pismo1

Ова писмо конечно стигнало до Двејн Шрок постариот неколку дена после празникот годинава.

-Некој го нашол писмото и го препратил. После сите овие години, некој го има препраќано со цел да стигне до мене. Сé уште плачам кога мислам на тоа., вели Шрок, кој има 87 години.
Еве што пишува во писмото:

„Драг татко. Не сме контактирале подолго време, јас сум добро и сум многу среќен во Ричмонд. Сакам да се слушнеме. Имај среќен Ден на татковците. Те сака Двејн.“
Шрок вели дека писмото било особено изненадувачко, бидејќи неговиот син, кој бил хомосексуалец, починал од СИДА во 1995 година. Шрок додава дека нивните односи не биле најдобри додека Двејн бил жив, бидејќи тој имал пречки да ја прифати сексуалната ориентација на син му.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1