Невремето кое вчера го зафати Скопје направи хаос во населбата Кисела Вода. Поради дождот и силниот ветер, на улицата Ѓорѓи Димитров број 21 дрво електричен столб паднаа врз еден автомобил, пишува Скопје Инфо.
Поради ова привремено беше прекинат сообраќајот во овој дел од градот. Но, по брзата интервенција на градските служби состојбата брзо се нормализираше.