ФОТО: Една од најотровните змии во Македонија уловена во центарот на Скопје


Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите.

Во тревникот кај КБ Првото пензиско друштво, веднаш спроти зградата на Владата, се појави поскок, долг околу 50 см, кој веднаш беше уловен, пишува Република.

Поскокот е најотровната змија во Македонија. Наездата на змии досега испрати петмина граѓани на инфективна.

 

Се препорачува да се избегнуваат повисоки треви и да се внимава каде се гази.

pos2

Фото: Република

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1