Фото: Емина Јаховиќ, конечно ја призна врската со турскиот милијардер


За романтичната љубовна романса меѓу турскиот милијардер Садетин Саран и популарната балканска пејачка Емина Јаховиќ долго се шпекулира, но една фотографија покажа и докажа се

Садетин откако ја запознал Емина со семејството објавил нивна заедничка фотка.

Имено, по крајот на бракот со продуцентот и пејач Мустафа Сандал, убавата пејачка брзо нашла утеха во прегратките на богатиот бизнисмен. Но Емина и Садетин својата врска јавно не ја покажувале, на прашањата од медиумите одговарале со насмевка или молчење, но сега биле невнимателни.

Бизнисменот на својот Инстаграм профил објавил семејна фотографија на која Емина е крај него. Популарната пејачка на фотографијата изгледа многу среќно и заљубено.

Според турските медиуми ова е првата јавна потврда за нивната љубовна врска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1