ФОТО: Еве како беше пречекан премиерот Груевски во Кичево


– „Никола, Никола…“ и „Кичево е македонски град“, вака денеска кичевчани го пречекаа премиерот Груевски.

Го разбирам гневот на Кичевци, оти тоа е и мој гнев – рече Груевски

gruevski kicevo– Јас го разбирам гневот, револтот кај луѓето затоа што тоа е и мој гнев, тие имаат проблеми, сега имаат предизвици, тие се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука.

Јас не бегам од народот, од луѓето, јас дојдов тука во Кичево, за разлика од некои други коишто ги немаше и претходно и сега, за разлика од некои кои сакаат да создадат раздор, да исполитизираат, јас сум тука и ќе доаѓам повторно.

Она што можам исто така да го кажам дека како Влада и понатаму ќе продолжиме да работиме за Кичево, да правиме се што можеме да им помогнеме на луѓето, ќе ги утростручиме нашите напори да има повеќе работни места, да има градба на повеќе патишта, да има инвестиции во Кичево, со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат, а тоа е поквалитетен живот.

gruevski kicevo2Кичевчани заслужуваат квалитетен живот и ние сме тука како Влада и остануваме да се бориме за Кичево, да помагаме, да се развива Кичево и да оди напред.

Тоа што е до нас ќе го направиме како што и го направивме и на овие избори кога излегоа 99 отсто од луѓето кои го поддржуваат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, така ќе продолжиме со сите сили да работиме и во иднина да им помагаме на кичевци. Кичево нема да биде оставено, Кичево е Република Македонија и ќе остане РМ, изјави премиерот Груевски по средбата во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

Фото – Курир

ВИДЕО – ГРУЕВСКИ ВО КИЧЕВО: ГО РАЗБИРАМ ГНЕВОТ НА КИЧЕВЦИ, ОТИ ТОА Е И МОЈ ГНЕВ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1