ФОТО: Еве како ги менуваат спомениците – Ленин ја изгуби главата, стана Дарт Вејдер


Статуата на контроверзниот руски лидер Ленин, која се наоѓа во Одеса, Украина, малку била „преуредена“, па заменета со главата на легендарниот лик од „Војна на ѕвездите“,  Дарт Вејдер.

Александар Милов, уметник од Одеса и човек кој стои зад оваа идеја, исто така направил скулптура која била во рамки на фестивалот „Burning man“.lenin dart veder

Украина се обидела да ги избрише сите потсетници на комунистичкото минато, поради воениот конфликт кој го има со Русија, а во мај оваа година, украинскиот претседател Петро Порошенко ја потпишал програмата „декомунизација“.

По таа програма, сите советски споменици, освен оние кои се однесуваат на Втората светска војна, мораат да бидат размонтирани, а сите јавни места кои носат комунистички имиња, мораат да бидат преименувани.

Статуата Ленин -Вејдер се наоѓа пред една фабрика во Одеса. Нејзините сопственици и локалното население барале да се отстрани ликот на Ленин, а градот оваа недела свечено ќе претстави новата статуа која во себе има и рутер за безжичен интернет.

Статуата на Ленин која е направена од гипс пропаднала поради старост, па Милов затоа морал да ја зајакне статуата со нови материјали кои се отпорни на надворешните услови.

Интересно е што ова не е првпат Дарт Вејдер да се појави во украинската политика. Минатата година , Дарт Вејдер се кандидирал за градоначалник на Киев и Одеса, како претставник на украинска интернет партија, но не добил доволно гласови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1