Во крајбрежниот дел на Охридското Езеро, во близина на Поградец, направена е фотографија од јато фламинга. Група македонски и албански туристи, во крајбрежниот дел на Охридското Езеро, во близина на Поградец, деновиве направиле фотографија од јато фламинга. Според она што може да се види на фотографиите, птиците се слетани во поплиткиот дел од езерото и бараат храна.
Според она што може да се види на фотографиите, птиците слетале во поплиткиот дел од езерото и бараат храна, пренесе порталот Точка.
Според научниците, кои се занимааваат со проучување на птиците во Република Македонија, ваква појава до сега не била евидентирана на Охридското Езеро.
„До сега јата на фламинга биле забележани на Преспанското Езеро, но таков податок немаме за Охридското Езеро, но тоа не значи дека вакви птици воопшто не слетале на ова езеро. Јас не се сеќавам, но можеби во Природно научниот музеј во Струга има податок за птицата фламинго на Охридското Езеро, но не верувам дека има фактографски податоци за тоа колку единки биле и од каде дошле. За Преспа има детални фактографски податоци за фламингата, на пример во кое време се забележани, колкаво било јатото и слично“, вели проф. д-р Бранко Мицевски од Природно математичкиот факултет од Скопје.
Foto – Ohridnews