Ова ливче ќе му ја донесе победата на следниот американски претседател – Хилари Клинтон или Доналд Трамп во Флорида, бастионот кој мора да се освои за победа на изборите. Засега Трамп е во блага предност со 52,6%, но дали прогнозите ќе се остварат има помалку од 24 часа да видиме.
Претседателските избори во САД ќе се одржат утре, а последното истражување на јавното мислење објавено од институтот Ипсос во петокот, ѝ дава предност од само 5 процентни поени на демократката Хилари Клинтон пред кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, пред утрешните претседателски избори во САД.
Букмејкерите пак, се многу поубедени во победата на Клинтон, јавува БТА. Голем дел од нив, нејзините шанси за победа ги проценуваат на над 80 отсто.
Така на пример, британските обложувалници „Бетфер“ и „Ладброукс“ и ирската „Пади паур“ сметаат дека веројатноста Клинтон да победи е 83 отсто.
До вчера, во „Бетфер“ се заложени 130 милиони долари, речиси три пати повеќе во однос на претходните претседателски избори во САД во 2012.