Ладното време и снегот што падна на околните планини принудила глутница волци да нападнат трло на сточар од тетовското село Чифлик, пренесува Сител.
73 годишниот Б.А., сточар од ова тетовско село, пријавил дека волци го нападнале неговото трло во кое имало имало 70- тина овци.
Најпво неговата сопруга слушнала врева во трлото.Кога и двајцата излегле надвор да видат што се случува забележале како овците панично бегаат од трлото.
Веднаш потоа, нешто подалеку ги забележале и волците како се нафрлаат и ги колат овците.
Во темната ноќ не можела да забележат колу волци имало но кога тие побегнале утврдиле дека тие им усмртиле 9 овци. Полицијата извршила увид и го документирала настанот а причинетата штета се проценува на околу 1.000 евра.