ФОТО: Идентификувани првите жртви од терористичкиот напад во Берлин


Билансот на терористичкиот напад кој понеделникот се случи на новогодишниот саем во Берлин е 12 мртви и 48 повредни. А денеска конечно се идентификувани и објавени имињата на жртвите од масакрот.zrtva-teroristicki-napad

Првата именувана жртва е Израелката Далија Елјаким која за време на терористичкиот напад била заедно со својот сопруг Рами, кои шетале низ Берлин и уживале во новогодишната атмосфера. Рами е тешко повредени и се наоѓа во кома, а парот во Берлин дошол на одмор. Нивните деца веднаш допатувале од Израел во Берлин, за да бидат со својот татко.

-Сакаа да патуваат, особено за Божиќ. Сеуште сум во шок и не можам да поверувам дека се случи ова, изјавил за Дејли Мејл долгогодишен пријател на семејството Елјаким.

На само неколку метри од парот се наоѓал Инјаки Елакури (21), студент од Шпанија. Тој го преживеал терористичкиот напад, но камионот ги прегазил двете негови нозе но се наоѓа вон животна опасност.zrtva-teroristicki-napad-jpg1_

Слушнав страшна бучава, а кога се свртев камионот беше на 5 метри од мене. Возеше пребрзо и не можев да го избегнам ударот. Паднав а возилото ми помина на нозе, објаснува Инјаки.

Во моментов во болница се наоѓаат 24 лица, од кои 14 се сериозно повредени.zrtva-teroristicki-napad-jpg2_

Друга жртва од терористичкиот напад се смета дека е Италијанската Фабриција ди Лоренцо која сеуште се води како исчезната, иако се пронајдени нејзината лична карта и картата за метро.Телото на Лукаш е пронајдено во кабината на камионот. Терористот Анис Амри најпрвин го избодел со нож а потоа и го застрелал.

Во камионот е пронајдено и телото на несреќниот возач на камионот, Полјакот Лукаш Урбан, за кој се претпоставува дека е убиен од страна на терористот кога го украл камионот.vozac-kamion-berlin

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1