Вработените во Министертсвто за финансии секоја недела во рамките на проектот за тим билдинг „Ручај и учи“ организираат работилници, предавања и други активности. Денеска имаа час по јога, учеа како да се опуштат и да го намалат стресот во работата, пишува Економски.мк.
Проектот „Ручај и учи“ се спроведува за време на паузите. Вработените во МФ си го носат ручекот со себе и се сместуваат во една од салите во Министерствто каде слушаат предавања на одредени теми или вежбаат јога.
Претходно, одржани се предавања од областа на нивното работење и здравата храна, а денеска на дневен ред беше офис јогата.
За проектот „Ручај и учи“ во Министерството владее голем интерес за секоја од работнилниците. За денешните часови по офис јога имало дури стотина пријавени учесници.
Министерот Ставрески се приклучува на проектот кога има време. Економски.мк дознава дека присуствувал на часовите за здрава храна, а денешниот час по офис јога го прескокнал заради работните обврски.
– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/5512?title=%28%D1%84oto%29-joga-vo-makedonskoto-ministerstvoto-za-%D1%84inansii#sthash.YGx0PgAc.dpuf