Верувале или не, постојат места кои како да се пресликани од вашите кошмари.
Ова се едни од најстрашните места во светот:
Замокот Лип во Ирска
Овој замок важи за едно од најпроколнатите места на планетата. За време на реновирањето работниците откриле простории од кои можеле да се влезе само преку покривот а во нив пронашле стотици човечки коски.
Шумата Аокигарха во Јапонија
Оваа шума се наоѓа во подножјето на планината Фуџи а во неа се случиле стотици самоубиства за кои се знае. Никој не зане колкав е вкупниот број на самоубиства во таа шума, а се претпоставува дека станува збор за илјадници. Работата станало толку сериозна, што Владата поставила знакови насекаде во шумата на кои се молат самоубијците да се оркажат од својата намера.
Воената болница Белиц во Германија
Во оваа болница бил лекуван Адолф Хитлер откако бил ранет во Првата светска војна.
Местото на птици самоубијци Јатинга во Индија
Секоја година во септември и октомври стотици прици доаѓаат во Јатинга за едноставо да залетаат во смрт. Уште почудно е што сето тоа се случува помеѓу 19-22 часот.
Британската морска тврдина на Северното море
Изградена за време на Втората светска војна со цел да го штити Севеното море.
Забавниот парк во Чернобил
Отворањето на забавниот парк било закажано да се случи за пет дена откако се случила катастрофата во Чернобил.
Кандидо Годои во Бразил
Овој град има наталитет на родени близнаци 18 пати поголем од било каде во светот. Никој не може да го објасни овој феномен. Граѓаните сметаат дека се тоа започнало кога нацистичкиот доктор Жозеф Менгелкој кој бил опседнат со близнаците, по Втората светска војна се преселил во градот.
Островот на куклите во Мексико
Овој оствров е преполн со делови од кукли во чест на едно девојче кое тука било пронајдено мртво.
Колибата на Скот во Антартик
Во 1911 година Роберт Скот заедно со својот тим се обидел да го освои Јужниот пол. Тие заминале од својата колиба и ја оствариле својата цел. Сепак на патот за назад умреле од студ а ниските температури совршено зачувале се што е во колибата.
Kurir.mk