Оваа млада дама со години е популарна во САД. Родена е во 1989 година во Лос Анџелес, нејзиниот татко е холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, а нејзината мајка е познатата новинарка Марија Шрајвер.
Кетрин Шварценегер (25) во 2010 година ја издаде својата прва книга со наслов „Rock What You’ve Got: Secrets to Loving Your Inner and Outer Beauty from Someone Who’s Been There and Back“, со која оваа млада авторка сакала да го опише своето патување и да ги охрабри жените да имаат повеќе самодоверба.
Во 2012 година таа дипломирала новинарство на Универзитетот во Северна Каролина. Кетрин е едно од четирите деца на Арнолд и Марија. Таа ја има помладата сестра Кристина и браќата Патрик и Кристофер. Освен што се занимава со пишување, Кетрин сака да готви, активна е на социјалните мрежи, а нејзината Фејсбук страница има повеќе од 40.000 лајкови. Оваа девојка освен што гради сериозна кариера со својот изглед ја освои јавноста и многумина коментираат дека во својата убавина ја надминала својата мајка Марија Шрајвер.