ФОТО: Кој на кого му е кум меѓу македонските познати?


Меѓу познатите кои се ородиле, односно станале кумови се Панчо и Андреј од дуото ДНК, Франц и Кире од Нокаут, спортистите Столе Стоилов и Филип Лазаров, Андријана Будимир и Наумче Мојсоски, Кире Лазаров и Горан Кузмановски, Тони Михајловски и Славиша Кибровски…, пишува Вечер.

Панчо и Андреј
Момците од ДНК освен што се неразделни на сцената, такви се и во приватниот живот. Важат за големи пријатели, а потврда за тоа е и кумството, односно Андреј му е венчан кум на Панчо, а исто така го крсти и синот на раперот, кој го носи неговото име, Андреја. Наскоро Андреј ќе треба да смисли уште едно име, со оглед на тоа што сопругата на Панчо е бремена по втор пат.

hitportal-panco-i-andrej1_thumb_medium500_334

Столе Стоилов и Филип Лазаров
Ракометарите кои играат во РК Вардар, Столе Стоилов и Филип Лазаров неодамна се ородија. Имено, пикерот му е кум на синот на капитенот Милан кој веќе има 6 полни месеци. Лазаров кој после долги години врска се вери со светиниколчанката Билјана се уште нема направено свадба, а веселбата е закажана за налето. Кој ќе биде највесел меѓу гостите, нема потреба да се прашува – се знае дека кумот ќе биде главен!

stole_thumb_medium500_319

Андријана Будимир и Наумче Мојсоски
И покрај тоа што и двајцата ги спојува ракометот, тие се кумови по линија на сопругот на Будимир. Јохан и Наумче се добри другари уште од детството, па поради тоа воопшто и немало потреба од размислување кога дошло време да се бира кум за свадба. Менаџерот и Будимир биле одлучни дека сакаат Наумче да им биде сведок на љубовта. Ракометарот го крсти и малиот Максим кој веќе има една година.

naumce_thumb_medium500_315

Тони Михајловски и Славиша Киброски
Актерот и музичарот се неразделни пријатели долги години. Од таму е и нивното кумство. Тони ја има крстено и ќерката на Славиша, Лина и е дел од секоја слава и прослава во домот на Киброски. Музичарот и неговиот бенд, исто така, се дел и од емисијата “Опуштено# на Тони, каде се задолжени за музичкиот дел.

toni_thumb_medium500_667

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1