Гумените куршуми се штетни за граѓаните, тие кај луѓе во многу земји во светот предизвикале многу тешки повреди, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи. истражувањата покажаа дека можат да доведат до трајни оштетувања, па и до смрт во не толку ретки случаи. Скршеници, повреди на внатрешни органи, хематоми, контузии, се исто само дел од последиците од употребата на гумените куршуми
Употреба на гумени куршуми беше изгласана вчера во Собранието на Република Македонија
Обединетите нации и локалните власти сосема ја забранија употребата на гумени куршуми во Косово по протестите во Приштина во 2007 година, кога загинаа две лица, а земјата што ги измисли, Велика Британија, ги стави речиси целосно надвор од употреба по 1975 година, бидејќи за пет години додека ги користеше во Северна Ирска од нив загинале 13 лица.
Во Италија и Белгија можат да се употребат само во самоодбрана, никако против толпа туку само за непосредна закана
ВНИМАНИЕ – СЛЕДУВААТ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ