ФОТО: КРВАВА ДРАМА КРАЈ ВРАЊЕ: УБИЛ МАЈКА И ЌЕРКА ЗА МУШМУЛИ


Ѓурѓа (85) од село Бујковац во близина на Врање и нејзината ќерка Мирјана Јовиќ (54), се жртвите кои вчера на Митровден беа застрелани со ловечка пушка од страна на соседот Драган Тасиќ (72)
Според првичните непотврдени податоци, Тасиќ во ќерката и мајка испукал вкупно 10 куршуми, а со последниот, единаесетиот, си го одзел животот на прагот од неговата куќа.19_1000x01-500x400

 

Ова тројно убиство се случи вчера околу 11:30 часот, по кратка соседска караница..
Соседите, убиецот Драган и убиената Ѓурѓа, претходно имале повеќе караници. Со старицата, во истата куќа живееле ќерката и зетот Душан Јовиќ од село Стубал општинаа Владичин Хан, кој за време на трагедијата не бил дома.
На новинарските екипи, луѓето на убиецот Драган Тасиќ, сопругата, синот и снаата биле недостапни, бидејќи се заклучиле во куќата од срам и со никого не зборуваат, така што за српскиот медиум Ало на располагање бил само Душан Цветковиќ, син, односно брат на жртвите Ѓурѓа и Мирјана.

– Сестра ми отиде покрај комшиската куќа да набере мушмули. Во тој момент од неговата куќа излегол Драган со гласни повици дека ќе пука во неа. Се чуле пукотници и пискотници од Мирјана, а мајката се стрчала од куќата кон својата ќерка, но и таа била покосена од огненото оружје – рекол Душан.
Убиецот потоа се вратил неколку чекори, застанал пред семејниот дом и се самоубил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1