Во џамиите има повеќе луѓе од вообичаено. Има жени и повозрасни лица напред пред толпата.
Се фрли и првиот камен, но група демонстранти ја смируваат ситуацијата. Дел од лицата насобрани почнаа да ставаат маски на лице, носат шишиња, најверојатно Mолотови коктели. Многу маскирани лица се насобрани, жени стојат во првите редови.
Пред полицајците е наредена група Албанци кои се обидуваат да ги смират своите за да не дојде до судир со полицијата.Постари демонстранти се туркаат со помлади и се обидуваат да ги спречат да предизвикаат инциденти.