Кони Калп (53) од Охајо била застрелана в лице од љубоморниот сопруг. Успеала да преживее но останала во контакт со сопругот додека тој бил во затвор за злосторот.
Вака изгледала Кони Калп пред нејзиниот сопруг во напад на љубомора да и пука в лице.
Сепак таа останала со него во брак цели 25 години, до март 2011 кога тој бил пуштен од затвор.
Вели дека нејзината ќерка ја освестила со прашањето – зарем ќе останеш со човекот кој ти пукаше во главата! Каков пример е тоа за мене?
Агресивниот напад Томас Калп го извршил во септември 2004 година. Се почнало со кавга зошто неговата сопруга разговарала со друг маж, за потоа да и пука на средина на лицето. Едвај преживеала. Таа е првата личност која била на операција за трансплантација на лице во 2008 година на клиниката во Кливленд.
Тој бил осуден само на 7 години затвор, а во 2011 е пуштен на слобода.
Она што е повеќе од неверојатно е нејзиното однесување додека тој бил в затвор – останала во контакт со него, а во еден период му се јавувала секој ден! Признава дека би го примила назад, но нејзината ќерка ја убедила во спротивното.
На прашањето зошто чекала тој да излезе од затворот за да се разведе, Кони вели дека не и било лесно да ја донесе одлуката. Нејзините блиски тврдат дека таа го поднесувала малтретирањето во бракот без да биде свесна дека е малтретирана.
– Но кога ќерка ми рече – зарем ќе му се вратиш на човекот кој ти пукаше во главата, каков пример е тоа за мене? Тоа беше моментот на освестување – вели Кони.
По излегувањето од затвор тој изјави дека пукањето било случајно, дека не е чудовиште, а дека тој и Кони толку многу се сакале што тоа никој друг нема да го разбере.
Кони признава дека секогаш можела да најде оправдување за него.
– Се знаеме цел живот, од кога бевме по 15 години. Избегавме заедно кога имавме по 16. Jас уште имам чувства за него, ме научи на се што знам. Имам две деца со него – изјавуваше Кони пред разводот.
Нејзината сестра вели дека е неверојатно колку Кони е несвесна за малтретирањата во тој брак, но убедена е дека таа ќе застане на своите нозе и ќе може да продолжи сама, без него.