Ужасот кој ги приреди Ивана Пантелиќ Мајсторовиќ од Сокобања, кога ја задави својата осумгодишна ќеркичка со кабел, а потоа се самоуби, добива нови размери.
Таа оставила писмо на сопругот пред да го направи грозоморниот чин, а во него напишала дека сакала да му се освети на сопругот со кој била во лоши односи.
Трагедијата се случи понеделникот спрема вторникот кога мајката ја задави ќерката со гајтан, па ја остави во плакар, а потоа се самоуби. Во прошталното писмо за сопругот Дејан напишала дека сака да му нанесе болка и дека го носи детето во смрт за да не го прокоцка тој.
– Спремен си да прокоцкаш се, па и нас, па затоа решив да го поведам детето со мене, за да не пати, рекла мајката која ја давела осумгодишната ќерка Наталија со електричен кабел и и ја затварала устата додека таа пружала отпор.
Нејзиниот сопруг две години работел како молер во Франција бидејќи им требале пари, а бидејќи со Ивана често се карале, живееле одделно.
Ништо не укажувало на тоа дека мајката ќе крене рака на детето, па на себе. Таа беше пронајдена обесена на таванот.
Полицијата го истражува случајот.