Рестораните за брза храна на “Мекдоналдс” се затворени во Македонија речиси една година. Дел од овие локации се запуштени и полни со ѓубре.
Сепак додека се најде решение за овие објекти, некој не седел со скрстени раце. Жители на Карпош името на познатиот светски бренд за брза храна си го поставиле на една од руските згради во Карпош.
За да не се лутат комшиите името од брендот е поделено на слогови и поставено над повеќе влезови. Она што не е познато е само дали освен логото на ресторанот за брза храна жителите внатре во зградата не отвориле и сендвичарници со познатите хамбургери, пишува Вечер.
Фото: Ѕ.Плавевски (Вечер)