Додека се подготвуваа да тренираат на кејот на реката Вардар кај хотелот „Александар Палас“, ракометарите на Металург го добија известувањето за суспензија.
Дваесетината ракометари кои одбија да тренираат и да патуваат во Загреб за мечот во рамките од СЕХА лигата од денеска и официјално се суспендирани. Вакво нешто се очекуваше особено по изјавите на сопственикот на тимот Минчо Јорданов кој изрази целосна поддршка за тренерот Лино Червар.
Сепак, скандалозен е начинот на кој им беа врачени суспензиите. Имено, додека се подготвуваа да тренираат на кејот на Вардар пристигна возило на брза пошта и на Наумче Мојсоски му врачи плико во кое беше напишана одлуката за суспензија на ракометарите.
Превземено од „Спортмедиа“.