Со врачувањето на наградата „Белградски победник“ на славната српска актерка Милена Дравиќ почна 43. по ред Меѓународен филмски фествивал.
Меѓутоа спектакуларното излегување на сцената пропратено со громогласен аплауз и овации од публиката за малку ќе завршеше кобно по актерката која качувајќи се на сцената се заплетка на скалите и падна.
Во стилот на голема актерка таа достоинствено се крена и ја прими наградата од уметничкиот директор на Фест Југослав Пантелиќ.
-Ми се случи исто што и на Мадона минатата ноќ во Лондон. Голема возбуда, па некоја енергија ме опомена малку да се соберам и со вас да ја споделам оваа вечер. Оваа вечер за мене е навистина голем настан – рече славната актерка.