Драмата која денеска ја дигна Србија на нозе, кога двегодишно девојченце беше киднапирано во населбата „Braće Jerković”, заврши со среќен крај.
Според информациите на српскиот Курир, пред зградата каде живее семејството кое денеска се соочи со хорор, соседите и најблиските, заедно со таткото на малото девојченце, ги чекаа резултатите од истрагата на полицијата. Фотографиите кои ги направи камерата на српскиот Курир, во моментот кога таткото дознава дека неговата двегодишна ќерка е пронајдена и се става крај на голготата низ која поминуваат со сопругата, дефинитивно ќе ви го скрши срцето.
За потсетување, двегодишното дете беше киднапирано додека неговата мајка се враќала со него од продавница. Автомобил марка БМВ застанал покрај мајката и од него излегол маж кој буквално и го земал детето од прегратка, по што заедно со жената која го управувала автомобилот избегале од местото на настанот.
За среќа, брзата интервенција на полицијата стави крај на кошмарот на семејството од Србија.