39 годишната Сју Редфорд од Велика Британија го очекува своето 17 бебе во ноември годинава.
Она што е интересно е што нејзината ќерка Софи, која има 20 години, го очекува своето второ бебе пет недели пред терминот на мајка и.
Тоа значи дека Сју ќе стане мајка и баба во рок од само неколку недели.
За Сју веќе известуваа медиумите во светот, откако таа во документарна емисија ја раскажа својата приказна.
Сју и сопругот Ноел се родители на 25-годишниот Крис, 20-годишната Софи, 18-годишната Клое, 17-годишниот Џек, 15-годишниот Даниел, 13-годишниот Лук, 12-годишната Мили, 11-годишната Кејти, 10-годишниот Џејмс, 9-годишната Ели, 8-годишната Ејми, 7-годишниот Џош, 5-годишниот Макс, 4-годишната Тили, 2-годишниот Оскар и 1-годишниот Каспер.