(Фото) На погребот на рускиот воен пилот што загина во Сирија присуствуваа 30 илјади луѓе


Речиси 30.000 луѓе присуствуваа на комеморацијата и на погребот на рускиот воен пилот, чиј авион беше соборен над северната сириска провинција Идлиб. Пилотот Роман Филипов при нападот успеал да катапултира, но по престрелката со екстремистите на земјата, се разнел со рачна граната бидејќи увидел дека е опколен.

На церемонијата присуствуваа рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, и други истакнати функционери, објавија агенциите.

Како што беше објавено, Филипов бил погребан во Воронеж, град на југозападот од Русија. Тој бил оженет и татко на четиригодишно девојче.

Рускиот претседател, Владимир Путин, постхумно го одликува пилотот со титулата херој на Русија. Телото на рускиот пилот, Роман Филипов, кој загина коаг авионот „сухој 25“ беше погоден од припадниците на џихадистичката група Тахрир ел-Шам во Русија беше пренесено во вторникот.

Филипов се катапултирал во близина на селото Тел Дебес и до последен момент се борел против екстремистите со оружјето што го имал со себе, објави руското Министерство за одбрана.

Џихадистичката група Тахрир ел-Шам ја презеде одговорноста за уривањето на рускиот борбен авион „су-25“ во саботата. Групата, која претходно му се приклучи на екстремистичкиот Фронт Ал-Нусра, тврди дека авионот бил урнат со рачен ракетен фрлач. Фронтот Ал-Нусра некогаш беше разгранок на Ал каеда во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1