Со навреди, пцовки и закани поминала денешната средба на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров при средбата со граѓани во оваа општина.
Очевидци за Press24 велат дека Трајановски и Скокол Митровски одржувале средба со граѓани во општината, кога во еден момент се појавил кандидатот на СДСМ, Александар Наумовски заедно со свои приврзаници кои почнале вербално да ги напаѓаат и навредуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа бил избегнат посериозен инцидент. Трајановски и Митровски успеале да ги смират приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и да ги игнорираат провокациите.
Фото – Прес 24